Коалицијата Европски фронт до Собранието поднесе Предлог-резолуција за хуманитарната криза во Појасот Газа. Пратеникот Скендер Реџепи од Европски фронт на денешната прес-конференција во Собранието соопшти дека резолуцијата е донесена тргнувајќи од основните принципи на човековите права и меѓународното хуманитарно право, моралната и правна одговорност на меѓународната заедница да се спротивстави на кршењето на правото на живот и достоинство на луѓето.
-Алармантаната ситуација во Појасот Газа, која значително се влошува како последица на блокадата и пречките за влез на хуманитарната помош и длабоката загриженост протов страдањето на цивилното население во Газа, особено жените, децата и постарите лица.Затоа предлагавме до Собранието да ја донесе следната резолуција за хуманитарната ситуација во Појасот Газа. Решително ја осудуваме хуманитарната блокада спроведена од Израел врз Појасот Газа и ја сметаме за забранета форма на колективно казнување според меѓународното право. Итно бараме од Израел да овозможи, без одлагање, влез на хуманитарната помош, храна, медицински средства и логистичка поддршка за цивилното население во Појасот Газа, во согласност со меѓународното право, рече Реџепи, додавајќи дека изразуваат длабока солидарност со палестинското население во Газа.
Прашан за трагедијата во Кочани, Реџепи рече дека една од најголемите трагедии во Северна Македонија беше пожарот во Кочани и додаде оти недостасува правда за овој случај.- Жалосно е дека и Обвинителството и судството традиционално се поставуваат во служба на власта. Во овој случај во служба на премиерот, кој јавно бараше разрешување на јавниот обвинител, а потоа истиот бара одлагање за да му овозможи политичко делување на обвинителот, а не правно како што е задолжен. Затоа во случајот во Кочани имаме истрага за секого надвор од претставниците на власта, што е жалосно за еден правен систем и верувам дека меѓународната јавност треба да биде запознаена со ваков начин на делување каде политички се влијае врз инститициите кои треба да бидат тотално независни, изјави Реџепи. Додаде дека ако е во Скопје, утре најверојатно ќе учествува на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, каде треба да се одржи надзорна расправа „Пропустите на државните органи кои придонесоа за трагедијата во Кочани на 16.03. 2025 година“.
На новинарско прашање за претстојните локални избори и за кандидат за градоначалник на општина Студеничани, Реџепи рече Европскиот фронт е веќе во фаза на преговори и очекуваат што поскоро да бидат финализирани договорите. Најави дека јавно ќе излезат како Европски фронт со одлука. – Сметаме дека токму во општина Студеничани движењето „Попули“ е еден главен фаворит и тоа е наше барање во текот на преговорите, но нема да бидеме пречка за заеднички договор. Ќе бидеме толерантни согласно битните работи кои се во државата, рече Реџепи.
Прашан дали останува во Европски фронт, Реџепи вели дека за него е срамно да му дадат понуда и оти такви понуди, како што рече, повеќе би ме засрамувале отколку што би ми дале некаков приоритет.
Реџепи, одговорајќи на новинарско прашање, појасни дека ако има преговори меѓу претседателот на ДУИ и Таравари тоа се сепак не приватни туку преговори меѓу ДУИ и Тараври и тоа не е во рамки на Европскиот фронт. – Европскиот фронт ќе донесе одлука за било каква соработка, со било која политичка партија, согласно своите интереси и дискусиите кои ќе бидат отворени на јавна дебата, подвлече Реџепи.