Европски ден на еврејската култура во Македонија

Од:

Еврејската заедница во Репбулика Македонија  ќе го одбележи Европскиот ден на еврејската култура.

Оваа манифестација се одржува паралелно во 32 европски земји, а еврејската заедница во Македонија ја одбележува по јубилеен десетти пат.

Годинава темата на Европскиот ден е „Мостови“, а секоја година различно ја одредува Европската асоцијација за зачувување и унапредување на еврејската култура и наследство.

Под режисерската палка на Снежана Коневска-Руси, претставата „Мостови“ ја продолжува приказната за младите Симона и Давид, главните протагонисти од Европскиот ден во 2013 година – „Јудаизам:аманет за природата“. Преку музика, танц, и глума, на сцената ќе прикажеме еврејски и македонски обичаи во единствена симбиоза преку симболот на мостовите – спој на различните култури, религии и етникуми.

Би можело да ве интересира

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска