Европската зелена партија со поддршка за понатамошна демократизација на Македонија

Од:

Делегација од Извршниот комитет на Европската зелена партија (ЕЗП) во состав Рајнард Бутикофер, ко-претседател на ЕЗП, Мар Гарсија Санз, генерален секретар и Марија Петинаки, член на Извршниот комитет, синоќа (25.08.2015) имаа повеќечасовна средба со членовите на Извршниот одбор на ДОМ.

На средбата беше разговарано за актуелната политичка состојба во Македонија и предизвиците со кои се соочи Македонија во последниве неколку месеци, како и за уште посилно политичко претставување на зелената агенда во политичкиот и општествениот живот.

Претставниците на Европската зелена партија го поддржаа понатамошното демократизирање на македонското општество, и истакнаа дека е потребна поголема различност во политичкиот простор која ќе го збогати политичкиот живот на државата. Сметаат дека тоа е возможно преку промената на изборниот модел, односно конституирање на Македонија како една изборна единица.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата