Европската зелена партија со поддршка до ДОМ на претстојните избори

Од:

Европската зелена партија (ЕЗП) и изразува поддршка на политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 24 март.

Во писмо од генералниот секретар на Европската зелена партија Жаклин Кремерс упатено до ДОМ се наведува дека ЕЗП ги поддржува сите партии кои го промовираат одржливиот развој, кои ги почитуваат човековите права и градат вредности на еколошка одговорност, слобода, правда, различност и ненасилство.

– На нас Зелените тоа ни е заедничко обележје. Сите ние се соочуваме со предизвици во нашите земји кои треба да ги преструктурираат на иновативен начин нашите општества, но и да ги одржат и засилат демократските основи и управувањето со нив. Сите кои работат на ова ја заслужуваат нашата постојана поддршка. Европската зелена партија ја поздравува одлуката на ДОМ за самостоен настап во 43 општини ширум Македонија. Вкупната бројка од 777 кандидати за советници ја сметаме за импресивна и го поздравуваме фактот дека на советничките листи има еднакво учество на мажи и жени кандидати, стои во писмото.

Од страна на Комитетот на Европската зелена партија, Кремерс на ДОМ и упатува желби за успех во последната недела од кампањата и на претстојните избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија