А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Европската синдикална конфедерација изрази загриженост за конфликтот со раководството на ССМ

by А1он13/01/2017 - 12:3113/01/2017 - 13:14228
Share0

Европската синдикална конфедерација (ETUC) и трите европски сојузи – Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор (EPSU), Европската федерација на индусктриски синдикати (IndustriAll Европа) и Европската федерација од земјоделија и прехрана (EFFAT) изразија длабока загриженост од конфликтот меѓу раководството на ССМ и неговите четири грански синдикати – Агро Синдикатот, СУТКОЗ, СИЕР и УПОЗ.

Добивај вести на вибер

– Многу сме загрижени од информациите кои ги добивме во последните неколку денови, за продлабочување на кризата во ССМ, која започна со обидот на Советот да го отповика Претседателот на ССМ и продолжи со исклучување на четирите синдикати од Сојузот и консенквентно со исфрлање од нивните канцеларии во зградата на ССМ, велат од Европската синдикална конфедерација.

Тие сметаат дека ова е штетно за македонското синдикално движење за кое треба да се изнајдат подобри начини за разрешување на контроверзните внатрешни проблеми, на транспарентен и демократски начин, без насилство и со меѓусебно почитување.

– Ве поттикнуваме веднаш да ги запрете овие ескалирачки борби и да не си попречувате еден на друг во извршувате на синдикалните акивности. Ова значи дека Ве повикуваме веднаш да воспоставите статус кво и да се воздржите од било какви активности од денес па натаму, пишува во соопштението на ЕСК.

Од таму предлагаат одржување на заеднички состанок со делегација од ЕСК и европските синдикални федерации во Македонија каде ќе се разговара за можните решенија имајќи ги во предвид Европските вредности и заложби кои се прифатени при пристапувањето кон ЕСК и Европските синдикални федерации.

– Ние сме во контакт со Меѓународната синдикална конфедерација (ITUC) и разговараме за можноста и преставници од ITUC да се вклучат во мисијата, или да пружат друга помош за да се надмине кризата во Вашиот Сојуз, со цел да се одржи Европското синдикално движење колку што е можно поеинствени и посилно, пишува во соопштението.

ssm

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Горан Наумовски06/03/2026 - 14:58

Трендафилов демонстративно ја напушти седницата на ЕСС

Горан Наумовски02/03/2026 - 14:1302/03/2026 - 14:16

Синдикатите ја блокираа Владата, ќе чекаат до крај на месецов на договор за платите потоа ќе одат на генерален штајк

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:1717/02/2026 - 13:51

Синдикатите денеска ја блокираат Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 08:04

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Работниците двојно повеќе продуктивни отколку што се платени

А1он14/02/2026 - 11:4514/02/2026 - 11:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен