Европска недела на мобилност 2017

Од:

Градот Скопје и годинава ќе ја одбележи Европската недела на мобилноста 2017 и за граѓаните ќе понуди низа активности посветени на алтернативното и одржливо движење. Од денеска до 22 септември Градот Скопје ќе организира разновидна програма за сите граѓани, од најмладите до највозрасните, како и за јавниот и приватниот сектор.

Како што информираат од Градот Скопје, во овие седум дена ќе бидат претставени многубројни активности и проекти што се поврзани со одржливата мобилност, а со кои ќе се испрати силна порака за користење на алтернативните видови транспорт. Граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат, да спортуваат, да се натпреваруваат, да разменуваат позитивни искуства и да учествуваат на трибини и форуми посветени на одржливиот транспортен систем.

Европската недела на мобилноста 2017 ќе заврши на 22 септември, на Денот без автомобили, со големо велосипедско дефиле што ќе се вози на градските улици.

Градот Скопје ја реализира Европската недела на мобилност 2017 во соработка со невладините организации Македонски Зелен Центар, Прв до Врв, Здружение на инженери за животна средина, Гоу грин, Еко свест и Милиеуконтакт Македонија Институт за обука Коцка, како и со Делегацијата на Европската унија во нашата земја и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Споделувањето те движи напред“, а ќе учествуваат над 2.280 градови од Европа.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје