Европратеници од Бугарија бараат Македонците од Албанија да бидат заштитени како Бугари

Од:

Со амандман на бугарските европратеници Андреј Ковачев (ГЕРБ/ЕПП) и Ангел Џамбаски (ВМРО-БНД), Европскиот парламент утре е можно да усвои параграф во Резолуцијата за Албанија, кој ќе биде директно на штета на Македонците од Голо Брдо, Гора и Мала Преспа, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Имено, како 24-ти амандман, на утрешната пленарна седница на Европарламентот во Стразбур, 751 европратеник ќе ја потврдат Резолуцијата за Албанија, каде Ковачев и Џамбаски во последен момент сакаат да протуркаат опасна теза дека македонското малцинство во трите посочени места е всушност бугарско.

– ЕП забележува дека се потребни дополнителни напори за заштита на правата на сите малцинства во Албанија, преку целосна имплементација на релевантното законодавство и препорачува заштита на правата на лицата со бугарската народност во Преспа, Голо Брдо и Гора да биде овозможена со закон и обезбедена во пракса, се наведува во амандманот на бугарските европратеници на албанската Резолуција.

Претходно, Ковачев во ЕП изјавуваше дека „во Албанија живеат 100 илјади Бугари, кои ги немаат сите права на едно признаено малцинство“. Албанската држава во Голо Брдо, Гора и Мала Преспа препознава единствено Македонци.

Би можело да ве интересира

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства