Европерспективите во фокусот на средбата на Димитров со делегацијата на холандскиот Парламент

Од:

Очекувањата и перспективите на Република Северна Македонија во контекст на ЕУ, а во пресрет на мартовскиот Европски Совет, како и можностите за постигнување на консензус кај земјите членки за одлука за почеток на пристапните преговори беше во фокусот на денешната средба на министерот за надворешни работи Димитров со делегација на Комисија за европски прашања во Долниот Дом на Парламентот на Кралството Холандија.

Во составот на делегацијата, која од вчера до утре е во посета на земјава се претседателот на Комисијата за европски прашања Хајке Велдман и Ане Мулдер.

Министерот Димитров брифираше за последните внатрешно политички случувања, за предвремените парламентарни избори во април 2020 година и функционирањето на техничката Влада, како и за напредокот во домашните реформи, вклучително за добрососедските односи и регионални прашања.

Тој изрази благодарност за поддршката на Холандија за донесување на одлука за почеток на пристапните преговори.

Се дискутираше и за следните чекори во политиката на проширување во претстојниот период, со оглед на објавената нова методологија на Европската комисија за пристапните преговори и објавувањето на вонредните извештаи на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија и Албанија.

Претставниците на делегацијата го поздравија напредокот остварен од Северна Македонија, постигнатите договори за добрососедски односи со Грција и Бугарија и изразија разбирање за разочарувањето поради неотпочнувањето на преговори со ЕУ.

Комисијата за европски прашања одблиску и детално го следи напредокот на Северна Македонија и мнозинството на членови го поддржуваат почетокот на преговорите со земјата.

Во овој период за земјата е најважно да покаже напредок во реформите, фокусот е владеењето на правото, домашните задачи за кои се очекуваат резултати, со акцент на Законот за јавно обвинителство.

Делегацијата на Комисијата за европски прашања во Долниот Дом на холандскиот Парламент ќе има средби и во Собранието на Република Северна Македонија, во Секретаријатот за европски прашања и во Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани