Евроамбасадорот Жбогар во посетана општина Кичево

Од:

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска престојуваше во посета на општина Кичево каде се сретна со градоначалникот Фатмир Дехари.

По средбата Жбогар изрази подготвеност и во иднина да продолжи добрата соработка со општина Кичево како што впрочем и досега била на високо ниво.

– По овој денешниот проект што ќе го пуштиме во употреба можам да најавам дека ќе следи нов проект за ова општина за изградба на дополнителна канализациска мрежа за потребите на граѓаните на Кичево, рече Жбогар по средбата.

Дехари изрази задоволсво и благодарност за помошта што ЕУ и ја дава на општината.

Тој најави дека новата канализациска мрежа претежно за руралните средини на општина Кичево ќе биде следниот објект што ќе биде изграден со помош на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево