ЕВН со нова попрегледна фактура за електрична енергија

Од:

ЕВН Македонија почна со дистрибуција на новите фактури за потрошена електрична енергија на корисниците од првата отчитувачка група. Новите фактури, велат од компанијата, се попрегледни имаат поедноставен изглед, содржат повеќе инфомации и се поконцизни. 

– Во фактурите кои корисниците во иднина ќе ги добиваат наведени се податоци за корисникот и фактурата, адреса за коресподенција, износот на испорачаната електрична енергија, комуналната такса, евентуалните камати поради задоцнето плаќање, рокот за плаќање на фактурите, износот на заостанатиот долг, детални податоци за старите и новите состојби и други дополнителни информации, прецизираат од ЕВН македонија.

Оттаму нагласуваат дека заедно со новите фактури, корисниците ќе добијат и детално објаснување за нивната содржината и додаваат дека до крајот на јануари сите корисници во Македонија ќе добијат нови попрегледни фактури за електрична енергија.

– Целта на новите фактури не е само да овозможиме поедноставен и попрегледен увид во испорачаната електрична енергија на корисниците. Во рамки на фактурата ќе биде достапен и податок за просечната дневна потрошувачка на корисникот во киловат-часови и во денари. Дополнително, корисниците ќе имаат на располагање и примери за просечната потрошувачка на апаратите за домаќинство, потенцираат од ЕВН.

Овие информации, сметаат од компанијата, може да се искористат како одличен индикатор за пресметување на потенцијалот за заштеда на електрична енергија во домот. На фактурите исто така, транспарентно ќе биде претставена и распределбата на трошоците помеѓу сите учесници на пазарот, што секој краен корисник ги плаќа преку својата сметка. Се надеваат дека корисниците ќе можат полесно да ја планираат својата потрошувачка на електрична енергија со промените во дизајнот и квалитетот на информациите.

Би можело да ве интересира

Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Предраг Петровиќ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат