ЕВН работи на отстрнување на дефектите предизвикани од невремето

Од:

Екипите на ЕВН Македонија непрекинато работат за целосно да ја оспособат дистрибутивната мрежа во реоните каде невремето, што викендов ја зафати земјав, предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија, информираат од компанијата

– Во регионот на Прилеп. Гостивар, Тетово, Велес, Кочани, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Струмица и Охрид силниот ветер, влажниот снег и обилните дождови предизвикаа кинење на проводниците и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија отстранија поголем дел од дефектите и денеска работат на санирање на дефектите во населените места кои се наоѓаат на повисоките планински предели и во поплавените подрачја, велат од ЕВН Македонија.

Оттаму посочуваат дека се работи на отстранување на дефектите во неколку села во прилепскиот, штипскиот, кочанскиот, струшкиот, охридскиот, ресенскиот и кичевскиот регион.

– Во градот Кичево и околните населени места се нормализира снабдувањето со електрична енергија откако екипите на МЕПСО го отстранија дефектот на 110 киловолтниот далекувод Битола – Сопотница – Кичево. Екипите на ЕВН предходно ги оспособија 35 киловолтните врски од Македонски Брод и Осломеј, за градот да не остане без напојување подолг период. Екипите на ЕВН се на терен работат на отстранување помалите дефекти во околните кичевски села, истакнуваат од ЕВН Македонија.

Дел од трафостаниците во поплавените подрачја, додаваат, се без напон за да не предизвикаат поголеми штети и несакани последици.

– Откако нивото на водата ќе се намали и ќе се создадат услови за интервенции ќе се работи на отстранување на дефектите. До тогаш корисниците ќе бидат поврзувани на алтернативни напојни точки, нагласуваат од ЕВН Македонија и додаваат дека нивните екипи ќе останат на терен се додека не се воспостави нормално снабдување за сите корисници.

Би можело да ве интересира

Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Предраг Петровиќ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Паметна енергетска одлука за вашиот бизнис – новите решенија од ЕДС

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски