А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕВН откри уште 10 неовластени корисници на струја

by А1он29/08/2013 - 12:50150
Share0

ЕВН Македонија за една недела комплетираше нови 10 досиеjа за неовластено користење електричната енергија. Новите откриени корисници добија пресметки и кривични пријави за неовластено користење.

Добивај вести на вибер

Од ЕВН Македонија денеска соопштија дека овие корисници, како и предходно откриените 35 од почетокот на месецов влегуваат во судска постапка по која ризикуваат покрај високата парична казна да заработат и затворска казна во таење до 5 години.

Екипите на ЕВН Македонија, полицијата и судските вешти лица од почетокот на август открија 15 корисници кои сами се приклучиле на дистрибутивната мрежа. Откриени се и 30 случаи на манипулирани броила, со што вкупната штета која што ја направиле крадците изнесува 6,5 милони денари или 1 милиони kWh.

Полицијата и стручните лица од ЕВН Македонија, се вели во соопштението, ќе ги продолжат засилените контроли и во наредниот период. Покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи. Непопуларната мерка исклучување од дистрибутивниот систем следува за оние корисници кои имаат неподмирен долг кон ЕВН Македонија, а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите.

Од почетокот на годинава ЕВН Македонија откри 1.200 кражби на електрична енергија, штетата е 2,2 милони евра, државата е оштетена за процентот на ДДВ или крадците потрошиле 20 милони киловатчаса електрична енергија, соопшти компанијата.

evn

Би можело да ве интересира

Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Предраг Петровиќ22/06/2025 - 10:07

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Предраг Петровиќ20/06/2025 - 16:3720/06/2025 - 16:40

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Предраг Петровиќ13/06/2025 - 16:25

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Предраг Петровиќ24/05/2025 - 10:26

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски18/05/2025 - 08:3218/05/2025 - 15:51

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

Предраг Петровиќ17/05/2025 - 10:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен