ЕВН Македонија загрижена од новата цена на електричната енергија

Од:

ЕВН Македонија преку соопштение до медиумте изразува загриженост од последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика со која цената на електричната енергија за тарифните потрошувачи од 1 јули годинава се намалува за 4,48 отсто.

– ЕВН Македонија не бараше зголемување на цената на електричната енергија, но не ни очекуваше дека ќе има толку големо намалување и тоа токму и само во делот на ЕВН со што директно се загрозува стабилноста на компанијата, но и на енергетскиот сектор во целина. Големото намалувањето на цената за дистрибуција и снабдување, во комбинација со истовременото зголемување на цената на производството и преносот кај енергетските компании во државна сопственост, сериозно го загрозува работењето на ЕВН Македонија што значително ќе се одрази на ликвидноста на компанијата, се вели во соопштението од комапанијата.

ЕВН Македонија, се потсетува, неодамна го промовираше мастерпланот односно најави инвестиции во износ од повеќе од милијарда евра за следните 20 години со цел да се обезбеди поголема сигурност и долгорочна стабилност на електро-енергетскиот систем во земјата.

– Ваквата одлука со сигурност ќе влијае на интензитетот на планираните инвестиции и на соработката со 5.000 бизнис партнери во Македонија. Без да ја доведеме во прашање улогата на Регулаторната комисија за енергетика, би сакале да истакнеме дека една од главните функции на регулаторното тело е да обезбеди финансиски одржлив енергетски сектор, согласно Законот за енергетика. ЕВН Македонија е принудена да ги разгледа сите можни опции со цел пронаоѓање на соодветно решение за ваквата состојба, се додава во соопштението од компанијата.

Би можело да ве интересира

Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Предраг Петровиќ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат