А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕВН Македонија се приклучува на акцијата „Час на планетата Земја“

by А1он24/03/2017 - 16:06223
Share0

ЕВН Македонија соопшти дека со симболично исклучување на електричната енергија од логото на зградата во Скопје и во сите корисничко-енергетски центри низ државата утре од 20:30 до 21:30 часот ќе се приклучи кон глобалната акција „Час на планетата Земја“.

Добивај вести на вибер

– Годинава, „Час на планетата Земја“ се одржува под мотото „Заблескај светлина на климатските промени – вклучи се во акција, исклучи ги светилките“, што е директно поврзано со енергетската ефикасност и намалувањето на глобалното загадување. ЕВН Македонија е една од компаниите која реализира низа активности за едукација и примена на енергетската ефикасност во Македонија. Во таа насока е и кампањата „Енергетска математика“, чија цел е подигнување на свеста и промена на навиките при користење на електрична енергија, се наведува во соопштението од компанијата.

„Часот на планетата Земја“ ќе се одбележи и во рамки на кампањата „Енергетска математика“. Преку социјалната мрежа „Фејсбук“ започнува иницијатива за мотивирање на корисниците да праќаат идеи и пораки за активности без употреба на енергија, а најдобрите идеи и пораки ќе добијат симболична награда.

Од компанијата посочуваат дека освен кампањата „Енергетска математика“ се спроведуваат и низа други активности со кои вработените и корисниците се мотивираат да живеат и делуваат во духот на енергетската ефикасност. Покрај ова, ЕВН Македонија спроведува и проекти за заштита на животната средина и природните ресурси, а на своите корисници им ја нуди и услугата Е-фактура, чија цел е да ја намали употребата на хартијата за печатење на месечните фактурии на тој начин да ја заштити животната средина.

– Заштеда на електрична енергија е директен придонес во намалувањето на вкупните емисии на т.н. стакленички гасови во атмосферата, кои се посочуваат како еден од главните причинители на глобалното затоплување и климатските промени, се вели во соопштението.

evn

Би можело да ве интересира

Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Предраг Петровиќ22/06/2025 - 10:07

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Предраг Петровиќ20/06/2025 - 16:3720/06/2025 - 16:40

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Предраг Петровиќ13/06/2025 - 16:25

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Предраг Петровиќ24/05/2025 - 10:26

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски18/05/2025 - 08:3218/05/2025 - 15:51

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

Предраг Петровиќ17/05/2025 - 10:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен