А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕВН Македонија испорача кривични пријави за неовластено користење струја

by А1он19/08/2013 - 16:23232
Share0

Нови 35 корисници добија пресметки и кривични пријави за неовластено користење електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија, полицијата и судските вешти лица за првите 18 дена во месецов открија 22 корисника кои ги манипулирале броилата и 13 кои сами се приклучиле на дистрибутивната мрежа, соопшти денеска компанијата.

Добивај вести на вибер

Енергијата што ја трошат корисниците кои самостојно се приклучиле не се евидентира во системот на ЕВН Македонија и тие воопшто не плаќаат за потрошенотo. Притоа, укажуваат од ЕВН Македонија, ова неовластено користење на електричната енергија претставува и кривично дело. По откривањето тие се веднаш исклучени од системот и поднесени им се пресметки и кривични пријави. Вкупната штета што ја направиле крадците изнесува 800 илјади денари или 5,4 милиони kWh.

Од ЕВН Македонија истакнуваат дека нивни стручни лица и полицијата ги продолжуваат засилените контроли и во наредниот период. Најавуваат дека покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи. Непопуларната мерка исклучување од дистрибутивниот систем следува за оние корисници кои имаат неподмирен долг кон ЕВН Македонија, а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите.

Во првите шест месеци од годинава ЕВН Македонина откри 1.200 кражби на електрична енергија, штетата е 2,2 милони евра, државата е оштетена за процентот на ДДВ, крадците украле 20 милони киловатчаса електрична енергија, се вели во соопштението од ЕВН Македонија.

evn

Би можело да ве интересира

Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Предраг Петровиќ22/06/2025 - 10:07

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Предраг Петровиќ20/06/2025 - 16:3720/06/2025 - 16:40

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Предраг Петровиќ13/06/2025 - 16:25

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Предраг Петровиќ24/05/2025 - 10:26

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски18/05/2025 - 08:3218/05/2025 - 15:51

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

Предраг Петровиќ17/05/2025 - 10:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен