ЕВН Македонија ги санира дефектите од големото невреме

Од:

Екипите на ЕВН Македонија интензивно работат на санирање на дефектите во дистрибутивната мрежа настанати од големото невреме кое го зафати викендов северозападниот дел на Македонија. Сите дефекти на среден и висок напон во тетовскиот, кичевскиот, велешкиот, битолскиот, охридскиот, кумановскиот и прилепскиот регион се санирани. Екипите сега работат на помали дефекти во нисконапонската мрежа.

Првите корисници од делот во скопскиот регион кој беше најпогоден од невремето веќе добија напојување. Неколку трафостаници во населбите Ченто, Маџари и дел од с. Инџиково се под напон и над 1500 корисници веќе имаат нормално снабдување со електрична енергијa. Екипите се постојано на терен и проверуваат дали има помали дефекти во нисконапонската мрежа.

Се работи и на расчистување на теренот до енергетските објекти во критичниот реон во с. Стајковци, Смиљковци, с. Сингелиќ, Илинден, пат за Арачиново и др. Како што ќе се создаваат безбедни услови за приклучување така ќе бидат вклучувани под напон и трафостаниците или улица по улица, корисник по корисник. Целиот регион досега беше без напојување од безбедносни причини за да не се создадат поголеми проблеми и да се доведат во опасност животите на луѓето кој работо на расчистување на штетите и граѓаните кои живеат во тој регион и штети дополнителни на имотите.

Невремето однесе повеќе бетонски столбови и направи големи штети на енергетските објекти во овој регион. Екипите на ЕВН ќе останат постојано на терен во најкритичниот регион и со над 60 електромонтери вклучувајќи и надворешни фирми партнери на ЕВН ќе работат заедно со полицијата, војската, волонтерите и другите јавни претпријатија на расчистување на последиците од невремето.

ЕВН Македонија донираше агрегати со чија помош се обезбеди осветлување за една амбулната и други специфични објекти во кризниот регион, а донираше и парични средства на жиросметката на Црвениот крст за помош на граѓаните поплавените подрачја во скопскиот и тетовскиот регион.

Би можело да ве интересира

МВР: Полициски инспектор крадел струја од бандера на ЕВН

Горан Наумовски

Без напон два далекувода за трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, на терен екипи на Електродистрибуција

Предраг Петровиќ

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

A1on