ЕВН ќе ги испраќа сметките за струја по меил

Од:

ЕВН Македонија ја воведе новата услуга „е-фактура“ со која сметките за потрошена електрична енергија ќе може да се добиваат по електронска пошта.

Со оваа услуга, како што соопшти компанијата, корисниците ќе бидат сигурни дека секогаш навремено ќе ги добиваат фактурите за електрична енергија и ќе имаат можност навреме да ги платат со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање.

Бенефитите од услугата „е – фактура“ се повеќекратни, се зголемува контролата на добивањето, плаќањето и електронското архивирање на фактурите, наведува ЕВН.

Услугата е достапна за сите корисници кои ќе пополнат, потпишат и испратат формулар на електронската пошта [email protected] или ако формуларот директно го достават во најблискиот Кориснички енерго центар (КЕЦ).

Формуларот може да се најде на интернет старната на ЕВН Македонија www.evn.mk или во сите приемни канцеларии на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ).

Би можело да ве интересира

Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Предраг Петровиќ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат