ЕВН ги санираше дефектите на среднонапонско ниво

Од:

Поголем дел од настанатите дефекти на среднонапонско ниво кои беа предизвикани од невремето во југозападниот дел на земјава се отстранети. Екипите на ЕВН Електродистрибуција сега работат на решавање на проблемите во снабдувањето во останатиот дел на среднонапонска и нисконапонска мрежа.

Над 80% од корисниците во регионот кој беше зафатен од невремето имаат стабилно снабдување со електрична енергија. Без напојување се само уште неколку села во високите планински делови кои беа непристапни за екипите и каде временските услови не дозволија да се работи во текот на ноќта.

Од утринава е ангажиран максималниот расположлив капацитет од страна на ЕВН Електродистрибуција и надворешните компании во отстранување на дефектите, а најинтензивно се работи на потегот Струга-Јанче за да се овозможи стабилно снабдување со електрична енергија на жителите од Центар Жупа и реканскиот крај. Екипите на ЕВН Електродистрибуција ќе бидат постојано на терен во текот на целиот ден за да се овозможи непречено снабдување со електрична енергија на сите корисници на југозападниот дел на Македонија кој беше зафатен од големото невреме, соопштуваат од ЕВН Електродистрибуција.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час