Евакуираните станари се сомневаат дека искористени пелени се причина за остриот мирис

Од:

Станарите од зградата во „Скопјанка“ кои денес беа евакуирани поради остар мирис, се сомневаат во објаснувањето дадено од полицијата.

Како причина за миризбата и евакуацијата се наведе нечистотија од еден од становите, каде што имало голем број на искористени пелени, но еден од станарите за „А1он“ изјави дека не верува оти само тоа е проблемот.

Тој раскажа дека неговата внука ја ваделе од зградата специјалци со гас маска, а децата кои биле излезени од зградата кашлале.

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов изјави дека миризбата во зградата во Аеродром биле користени пелени кои не биле фрлени. Тој покажа и фотографии од станот на кои се гледаат пелените.

Станарите од „Кузман Јосифовски Питу“ повеќе од шест часа седеа пред зградата, за кое време полицијата, противпожарната служба и војската пребаруваа во зградата.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан