Евакуирани учениците од две средни училишта, повторно дојави за бомби

Од:

Учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје утрово пак се евакуираат. Наставниците им кажале да излезат во дворот каде што веќе има и полиција, а само што почнале часовите евакуирани се и учениците од СУГС „Владо Тасевски“ во Аеродром.

Од МВР за „А1он“ велат дека утрово двете училишта добиле дојави за бомби и единицата за антитероризам веќе прави проверки.

„Денеска во СВР Скопје околу 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на две училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Евакуацијата на учениците им стана пракса изминативе две недели по дојавите за бомби. Полицијата утврди дека сите досегашни дојави за подметнати бомби се лажни.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Бомби и муниција чувал дома жител на скопско Идризово

А1он

Пронајдени се рачни бомби во село Боговиње

Лажни дојави за бомби во средни училишта во Скопје

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“