Евакуирани се македонски државјани од Израел – попладнево полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје

Од:

Евакуирани се македонски државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје, информира министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Како што посочи, Министерството целосно го координирало процесот на евакуација, кој барал сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва, доследно почитување на безбедносните процедури и континуирана координација меѓу надлежните институции.

Муцунски информираше и дека е финализирана постапката за склучување договор со компанија која во следните денови се очекува да започне со летови за евакуација на македонските државјани од останатите погодени подрачја, во координација со дипломатско-конзуларните претставништва.

Додаде дека македонските дипломатско-конзуларни претставништва и понатаму се на 24-часовно располагање на македонските државјани за секоја потребна помош и поддршка.

 

Би можело да ве интересира

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он