Евакуација на трговскиот Ист Гејт, ГТЦ, Сити Мол – дојави за бомби и во скопски училишта

Од:

Трговски центри, МТВ и неколку скопски училишта и денеска добија дојава за поставени експлозивни направи.

Дојави стигнале во средното училиште „Владо Тасевски“, како и во гимназијата „Ѓорѓи Димитров“.

Дојава за бомба стасала и во трговскиот центар Ист Гејт и сите присутни биле евакуирани, потврдуваат за А1Он очевидци кои се затекнале во објектот за време на евакуацијата.

Полицијата е на терен и ги пребарува објектите, евакуирани се и учениците и вработените од училиштата каде имало дојави за бомби.

Денеска (08.02.2023) околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Вчера, лажни дојави за бомби имаше во 47 училишта во Скопје од кои 38 основни и девет средни.

Би можело да ве интересира

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во Кочани

Горан Наумовски

Серија од анонимни закани за поставени бомби во Србија

Црна Гора: Проверени 165 локации, пријавите за бомби се лажни

Горан Наумовски