Ева има потреба од сите нас – да му помогнеме на десетгодишното девојче од Охрид

Од:

Отворени се и броеви за донации на мобилните оператори за донации за малата Ева од Охрид. Кампањата која почна пред десетина дена сеуште ги нема собрано потребните средства за справување агресивниот малиген карцином на коските.

Ваквата дијагноза не може да се лекува во Македонија. Покрај бројните акции и иницијативи за поддршка на Ева, отворен е и број за донации на мобилнит оператори „Телеком“ – 143126 и на А1 – 14350

Остеосарком е редок и сериозен рак на коските кој бара итен и долг третман. За нејзиното лекување се потребни значителни средства, а семејството ја води битката со времето за да ѝ овозможи терапија во специјализирана клиника во Германија. Секој придонес, без разлика колку е мал, може да направи огромна разлика во нејзината борба. Да покажеме хуманост и солидарност и да ѝ помогнеме на Ева да добие шанса за здраво и безгрижно детство. Донации може да се направат и преку платформата eCrowd.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген