Еуромакс: Рудникот Иловица – Штука нема да ги загадува почвата, водата и воздухот

Од:

Во континуитет се соочуваме со една група активисти кои во име на заштита на животната средина, но без издржани аргументи артикулираат обвинувања, повикуваат на омраза и осуда кон Проектот- „Рудник на Можности Иловица-Штука“, но и кон сите кои ја поддржуваат неговата реализација, не верувајќи во празното повторување невистини, дезинформации и апокалиптични сценарија, велат од „Euromax Resources”, по денешните протести во Струмица.

– Го почитуваме сечие право за слободно изразување, но разочарани сме што оваа група се обидува во предизборниот период неодговорно да „се пазари“ со судбината на илјадници жители од регионот кои преку проектот имаат можност да си обезбедат квалитетни работни позиции и значително подобрување на животниот стандард, стои во соопштението.

Проектот за рударскиот комплекс „Иловица-Штука“ е развиен врз повеќегодишни истражувања за влијанието врз животната средина, применувајќи ги највисоките европски и светски стандарди, информираат од „Euromax Resources”.

Во соопштението посочуваат дека оваа најголема директна странска инвестиција во државата нема да ја загадува почвата, водата и воздухот, ниту ќе претставува опасност за здравјето на луѓето.

– Работејќи заедно, сите ќе докажеме дека во новата ера – Одржливото Рударство и Земјоделство Можат Успешно да Егзистираат Заедно. Ваква капитална инвестиција има реален капацитет сериозно и ефикасно да го забрза заздравувањето на регионалната и на националната економија. Проектот ќе создаде илјадници директни и индиректни работни места а од даноците и од другите законски давачки кои Еуромакс ќе ги уплаќа во буџетот, ќе се вложува во подобрување на локалното образование, социјалните програми и здравствената заштита, како и за модернизација на локалната инфраструктура, потенцираат од Еуромакс.

Истовремено од Еуромакс, апелираат до сите граѓани и релевантни институции во Република Северна Македонија, пред да донесат одлука за иднината на Проектот, добро да се информираат за сите точни и аргументирани факти за изградба и оперирање а посебно во делот за заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

Рударството нуди високи примања, но стотици потенцијални работни места остануваат само на хартија

Шпанија повторно отвора рудник по четири децении – локалните жители ќе имаат предност при вработување

Светот останува без бакар, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

Научната јавност: Современото рударство не треба да се поистоветува со старите технологии

МАНУ потврдува бакарен потенцијал на Македонија, светските анализи предупредуваат на недостиг од металот

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“