Еуромакс: Нашите обврски за Иловица се навремено завршени

Од:

Од Еуромакс ресурси по одлуката на Владата еднострано да го раскине договорот за концесија со оваа компанија за рудникот Иловица денеска порачаа дека имаат на располагање повеќе билатерални договори за заштита на инвеститорите за да ја одбранат својата позиција и да бараат отштета и други заштитни мерки против нашата држава.

Компанијата соопшти дека се длабоко разочарани од одлуката на Владата еднострано да го раскине договорот за концесија за рударската област Иловица 6, бидејќи, како што велат, цврсто се уверени дека сите нивни обврски се навреме завршени.

Според главниот оперативен директор на компанијата, Патрик Форвард, сите документи зависеле од завршувањето на другите процеси со Владата. -Ние разбираме дека причината за откажување е наводното недоставување на сите потребни документи од нашата апликација за дозвола за експлоатација. Сепак, можам да кажам дека сите документи зависеа од завршувањето на другите процеси со Владата. Нашите апликации датираат од пред речиси четири години, бевме трпеливи и вредно работевме заедно со Владата да ја завршиме постапката околу нашето одобрение, рече Форвард на средба со медиуми.

Тој дополни дека во изминатите недели имаше неколку изјави од владини претставници, вклучително и премиерот, дека административниот суд ќе заврши пред секоја понатамошна постапка, како и дека Управниот суд сè уште не донесе пресуда за случајот.

Според Габриел Лански од меѓународна правна фирма „LANSKY, GANZGER & Partner“, Еуромакс има силен случај за заштита на меѓународните инвеститори, но тие ќе се обидат да преговараат заедно со Владата за да се реши спорот.

-Сите договори предвидуваат дека, пред да се извести за арбитража во меѓународен центар за арбитража, оштетената страна – тоа е Еуромакс и Владата заеднички да преговараат за да го решат овој спор, наведе Лански.

Еуромакс, како што дополни, има на располагање повеќе билатерални договори за заштита на инвеститорите за да ја одбрани својата позиција и да бара отштета и други заштитни мерки против Северна Македонија. – Случајот е силен и не се сомневаме дека Еуромакс ќе успее во евентуален судски спор, затоа што е јасно дека одлуките на Владата на Северна Македонија нарушиле цел спектар на права што инвеститорите ги имаат во Северна Македонија како земја домаќин, рече Лански.

Пред два дена Владата соопшти дека донела одлука еднострано да го раскине Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот „с.Иловица”, општина Босилово од 2014 година и Анекс на Договорот од 2015 година, бидејќи концесионерот нема поднесено барање со целокупна неопходна документација за издавање дозвола за експлоатација на минерални суровини во рок од четири години по склучување на договорот за концесија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Коциќ: Укинато спојувањето концесии за рудникот „Иловица“

(ВИДЕО) Поништена одлуката за спојување на концесиите, Бектеши бара да се донесе акт дека рудниците ќе ја загрозат животната средина

Орце Костов

За Иловица ќе се расправа на следната владина седница

Протест во Струмица против отворање на рудник во Иловица и Штука, „Еуромакс ресоурцес“ тврди: Нашата безрезервна подготвеност да се формира „Независно Мониторинг Тело“

Горан Наумовски

Министерство за економија: Нема да дозволиме отворање рудник во Иловица без одобрение од локалното население

Предраг Петровиќ

Струмичани гневни на Владата: Протести поради одлуката да се спојат двете концесии за рудник за бакар и злато во Босилово и во Ново Село

Орце Костов