ЕУ: Очекуваме прегласувањето да мине во слободна и добро организирана атмосфера

Од:

Продолжуваме внимателно да го следиме изборниот процес, вклучувајќи го и прегласувањето. Очекуваме прегласувањето да мине во слободна и добро организирана атмосфера, истакнуваат за МИА од Делегацијата на Европската унија во Скопје во пресрет на неделното прегласување на вториот круг од локалните избори во општина Центар, во Струга и во Ѓорче Петров, и втор круг во Долнени.

– Откако ќе завршат изборите очекуваме од властите да започнат со имплементација на претходните препораки на ОДИХР, како и на препораките од конечниот извештај на ОБСЕ /ОДИХР, наведуваат од ЕУ.

Во недела од 7 до 19 часот вториот круг од локалните избори ќе се повтори на 29 избирачки места во скопската општина Центар, на девет во Струга и во едно во скопската општина Ѓорче Петров. Втор круг од локалните избори ќе има во општина Долнени на 39 избирачки места.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар