А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Туск: Северна Македонија и Албанија се подготвени, но за жал неколку земји членки не беа

by А1он18/10/2019 - 14:5518/10/2019 - 15:20372
Share0

Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск порача дека Европската Унија ќе се наврати на проширувањето пред Самитот во Загреб во мај наредната година, откако земјите членки не успеаја да постигнат договор за почеток на преговори со Северна Макеоднија и Албанија.

Добивај вести на вибер

– Големо мнозинство членки на Европската Унија сакаат да бидат отворени пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Сепак, таквата одлука бара едногласност, а тоа вчера не беше постигнато. Да бидам јасен: Северна Македонија и Албанија не се виновни за ова, тие ги исполнија условите и се подготвени за отворање на преговорите. Тие се подготвени , но за жал неколку земји членки не беа. Затоа не успеавме да постигнеме позитивна одлука. Лично сметам дека тоа е грешка, но нема да го коментирам понатаму, изјави Туск.

Претседателот на Европскиот Совет на прес-конференцијата ги повика Скопје и Тирана да не се откажуваат.

– Денеска сакам да испратам порака до нашите македонски и албански пријатели – ве молам не се отклажувајте. Целосно ја разбирам вашата фрустрација, бидејќи заслуживте, а не добивте. ЕУ е комплексен политички ентитет и вистина е дека некогаш носењето одлуки трае предолго. Но, апсолутно не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ, порача Туск.

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција кажа дека „многу жали“ што ЕУ не успеа да постигне консензус и посочи дека против биле Франција, Данска и Холандија.

eu

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Горан Наумовски24/02/2026 - 13:19

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:14

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:13

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Горан Наумовски19/02/2026 - 06:48

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:14

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен