А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕУ: Изборите придонесоа за зајакнување на довербата во демократските процеси

by А1он17/10/2017 - 14:41349
Share0

Локалните избори на 15 октомври се одржаа во амбиент во кој преовладуваше натпреварувачки дух, а мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во прелиминарните наоди и заклучоци оцени дека придонесоа за зајакнување на довербата во демократските процеси во земјата, соопшти денеска Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Добивај вести на вибер

Се посочува дека според наодите на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори, биле почитувани основните права на собирање и изразување, а се регистрирани и некои веродстојни тврдења за нерегуларности во предизборниот период.

– Властите треба ефикасно да ги спроведат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а Европската унија е подготвена да помогне во тој процес. Земјата се подготвува за вториот круг од изборите на 29-ти октомври и сите политички чинители треба да се однесуваат одговорно, а надлежните институции да обезбедат услови за кредибилен и транспарентен изборен процес. Европската унија ги охрабрува новоизбраните членови на локалните власти да придонесат за напредок во европската реформска агенда. Европската унија ќе продолжи да ја поддржува земјата во рефомскиот процес и на нејзиниот пат кон евроинтеграција, стои во соопштението од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

eu

Би можело да ве интересира

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Горан Наумовски20/03/2026 - 12:35

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:28

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Горан Наумовски24/02/2026 - 13:19

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен