ЕУ и САД повикаа на разумност и запирање на конфронтациите

Од:

Европската унија и Амбасадата на САД во Скопје попладнево ги повикаа лидерите на сите политички партии да стават крај на какви било агресивни и провокативни акции и да се однесуваат на начин што е во согласност со Уставот и законите.

– Мирното изразување на различните мислења е основата на секоја силна и демократска држава, а употребата на насилство од било која инволвирана страна го подрива тој систем и нанесува штета на неговата способност да владее одговорно, се вели во изјавите од ЕУ и Амбасадата на САД.

Ги поттикнуваат лидерите на сите политички партии и нивните приврзаници без одложување да стават крај на конфронтациите.

– Ги повикуваме да се однесуваат на начин што е во согласност со законот, Уставот, и со договорените собраниски процедури, а тоа секогаш го има во предвид и најдобриот интерес на граѓаните од кои се избрани за да ги претставуваат, се наведува во изјавите.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on