ЕУ го одобри проектот „Clean AirDrom“ на општина Аеродром

Од:

Општина Аеродром доби грант од Европската Унија за проект „Clean AirDrom“. Самиот проект директно влијае врз свеста и екокултурата на жителите на општината.

Тоа подразбира дека:

– Секое домаќинство во Општина Аеродром ќе добие соодветна канта за отпадоци со три прегради (сина, жолта и зелена) за директна селекција на хартија, пластика и стакло;

– Собраниот селектиран отпад домаќинствата ќе можат да го фрлаат во 20 соодветни „вендинг-машини“, кои ќе бидат поставени за опслужување на неколку згради и притоа ќе можат да собираат поени, односно финансиски средства како вид рефундација и мотивација за вклученоста во процесот на селекција;

– Компостирање на органската компонента и негово натамошното соодветно одлагање, односно негово натамошно вклучување во процесот на реупотреба;

– Проектот предвидува директно вклучување на невладиниот сектор. Се планирана активирање на специјализираното екоздружение „Гоу грин“, како едно од 15-те стратегиски партнери на Општина Аеродром, кое истовремено е и соработник во големиот европски проект „Clean AirDrom“.

Работиме за одржување на чистата и здрава животна средина порачуваат од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода