ЕТУЦ: Постапката за избор на нов лидер на ССМ не ги следи демократските правила

Од:

Претседателот на Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ) Лука Висентини смета дека постапката за избор на иден лидер на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) не ги следи демократските правила, бидејќи доведува до елиминирање на потенцијалните кандидати за функцијата.

Тоа, вели Висентини во писмото испратено до в.д. претседателот на ССМ Дарко Димовски, било проблем со кој во оваа синдикална организација се соочувале во изминатите години и зачудувачки е што продолжуваат по насоката која сакале да ја променат.

Ова се причините поради кои Винсентини ја одбил поканата на ССМ да учествува на Конресот за избор на нов лидер на ССМ.

– Ние ја цениме посветеноста за одржување на Конгресот со цел и другите грански синдикати да се вклучат во донесувањето на одлуките во врска со раководењето на ССМ, решение што за жал беше отфрлено од претходниот претседател Митревски. Без оглед на наведеното, загрижени сме дека постапката ни од далеку не ги следи демократските правила, бидејќи доведува до елиминирање на потенцијалните кандидати за функцијата претседател пред самиот конгрес, и со тоа не им се дозволува на делегатите да направат вистински избор, вели Винсентини во писмото.

Од претходните контакти со вас, наведува Винсентини во писмото до Димовски, разбравме дека токму ова беше проблемот што вие и вашите колеги од четирите грански синдикати сакавте да го промените.

– За изненадување и за жалење е дека вие продолжувате по насоката која сакавте да ја промените за да биде подемократска. Жалиме, но при ваква ситуација Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ) нема оправдани причини да учествува на Конгресот, кој нуди малку шанси за отворена дебата и демократски избори за иден лидер на ССМ, посочува Висентини.

Додава и дека се уште постои можност ова да се промени и да се подобри постапката, дури и ако за тоа биде потребно повеќе време, но се со цел ССМ да биде подемократски и почитуван во рамките на Европското движење на синдикатите.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори