Есад Рахиќ: Зоки, оди си!

Од:

Конгресот на СДСМ, на кој делегатите дискутираат и ќе гласаат за доверба или не на Зоран Заев и партискиот врв се одвива во атмосфера на спротивставени мислења.
„Зоки оди си“, му порача поранешниот прв човек на градската организација Есад Рахиќ на Заев.Тој најавил дека по завршувањето на конгресот ќе си дал оставка од Централниот одбор на партијата.
Рекол дека Заев е храбар, но не може да се справи со товарот на лидерство. Му забележал зошто не го одложил Конгресот, и потезите да се влечат со ладни глави.
Заев побарала од делегатите доверба и за себе и за целото раководство.

Посочил дека отпорот пред една година бил прекинат поради притисок од меѓународната заедница и затоа што граѓаните не го поддржале масовно.
Лидерот на СДСМ повикал на единство во партијата и обединување во остварувањето на заедничките цели.

Од вкупно 707 делегати, на Конгресот се присутни 80 проценти, или 563 делегати.

Делегатискиот состав е избран во 2011 година.
Заев за лидер, во јуни минатата година, беше избран со гласовите од 395 делегати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски