Ермонд Незири нов член на Советот на јавни обвинители

Од:

Скопскиот обвинител Ермонд Незири денеска е избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на заедниците кои не се мнозинство во земјава.

Како што информира Комисијата за спроведување на изборот на прес-конференција доцна попладнево, од вкупно 139 обвинители кои го искористиле своето гласачко право, за Ермонд Незири гласале 117, а за вториот кандидат Расим Дреца се изјасниле 16. Комисијата утврди дека шест гласачки ливчиња се неважечки.

– Констатирам дека кандидатот Ермонд Незири е избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија. Со ова изборниот процес е завршен и на кандидатот ќе ми биде издадено решение после истекот на рокот за приговор, информира претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски.

Гласањето беше спроведено денеска на пет гласачки места во републичкото Јавно обвинителство и во четирите виши јавни обвинителства во Скопје, Гостивар, Битола и Штип, при што од вкупно 159 јавни обвинители со право на глас, гласале 139, а 20 гласачки ливчиња останале не искористени.

Инаку, Незири беше кандидат и за претседател на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на изборите во ноември минатата година, кога за прв човек на ова Обвинителство беше избран Ислам Абази.

Би можело да ве интересира

Башким Бесими избран за член на Советот на јавните обвинители

Сарамандова и Пеливанов стануваат виши обвинители: Советот ги одбра од 16 пријавени кандидати

Александар Тодески

Советот на ЈО едногласно го отфрли барањето на Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на нејзината кандидатура за државен јавен обвинител

Новоизбраната членка на Советот на ЈО, Јелена Догазанска-Колева даде свечена изјава во Собранието

Љупчо Коцевски единствен кандидат за државен јавен обвинител

Барањето за мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител е пристигнато во Советот, има 15 дена да го разгледа