Ермирa Асaни Сaлијa од БЕСА нoв член нa ДИК

Од:

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната сеница го утврди Предлогот на движењето БЕСА Ермира Асани Салија да биде нов член на Државната изборна комисија (ДИК).

Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери вчера до Комисијата го доставил Предлогот на движењето БЕСА за член на ДИК да биде Ермира Асани Салија, дипломиран правник од Гостивар и член на Централното претседателство на партијата.

Асани Салија доаѓа на местото на Бедредин Ибрахими од ДПА, бидејќи БЕСА е четвртата партија според бројот на пратеници во Парламентот.

Претседателот на Комисијата Илија Димовски изрази благодарност до Бедредин Ибрахими за досегашниот ангажман и коректната работа како член на ДИК.

Изборот на новиот член на ДИК ќе биде ставен на дневен ред на денешната пленарна седница.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште