Ерјавец: Безрезервна поддршка од Словенија за Македонија особено за интеграцијата во НАТО

Од:

Денес, министерот за надворешни работи, Никола Димитров оствари средба со министерот за одбрана на Република Словенија, Карл Ерјавец, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

На пленарните разговори меѓу делегациите беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, а се разговараше и за можностите за зајакнување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

Димитров го запозна Ерјавец со процесот на спроведување на Конечната спогодба со Грција и претстојните чекори на овој план. Тој истакна дека Република Македонија од секогаш ја уживала безрезервната поддршка од Република Словенија во исполнувањето на своите надворешно политички приоритети, особено на планот на интеграцијата во НАТО, посочувајќи ја важноста на словенечката амбасада во Скопје, која од оваа година е контакт амбасада за НАТО.

Ерјавец упати честитки до Димитров и Владата на Република Македонија за направениот исчекор на земјата од нивното стапување на функција и нагласи дека Словенија го поддржува НАТО интегративниот процес на Република Македонија и дека ќе направи се’ за тој процес да биде успешен. Министерот Ерјавец ја потврди традиционално добрата соработка меѓу двете земји во областа на одбраната, како и подготвеноста на Република Словенија за натамошно пренесување на словенечките искуства од пристапувањето кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници