Енес Ибрахим: Турската младина е желна за промени!

Од:

Генералниот Секретар на Партијата за Движење на Турците (ТХП), и кандидатот за пратеник Енес Ибрахим се сретна со младите од турската етничка заедница. На средбата Ибрахим ги промовира планираните младински политики на ТХП и опозициската коалиција, но и внимателно ги сослуша младите кои говореа за своите проблеми, желби и очекувања.

Ибрахим потенцира дека една од клучните заложби на следната влада ќе биде да се обезбедат доследни и оптимални животни услови за младите со што тие нема да бараат спас преку заминување од својата татковина.

„Ние како ТХП ќе се залагаме за еднакви можности на сите млади луѓе, без разлика на нивната етничка, религиска или партиска припадност. Свесни сме дека во изминатиов период младите во Македонија беа заборавени, додека пак младите од турската етничка заедница во голема мера намерно беа маргинализирани и игнорирани од страна на власта. Но, по 11-ти декември ќе се формира влада во која ќе партиципира и ТХП, која ќе даде свој максимум за ревитализација на младината од турската етничка заедница“, истакна Ибрахим.

Тој додаде дека програмата на ТХП и коалицијата е создадена од млади, енергични и способни кадри кои најдобро знаат како треба да се пристапи кон решавање на проблемите на младите.

„Нема да дозволиме младите да ја напуштат својата татковина, таа тажна судбина ќе биде минато. По 11-ти декември младите Турци ќе си ги вратат назад своите Уставни права и ќе ставиме крај на нивното омаловажување. Младите Турци се соочуваат со проблеми во сите сегменти од општествено живеење. Во нашата програма сите проблеми се опфатени, но и нудиме реални и остварливи решенија за истите. Вашата енергија и желба за слобода и демократија, претставува огромна мотивација во оваа наша битка против режимот“, додава Ибрахим.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска