Енес Ибрахим: Криминалците не смеат да бидат дел од новата Влада

Од:

„Во изминатиов период граѓаните на Република Македонија цврсто и одлучно ја потврдија својата визија за просперитетна и демократска Македонија. Македонија во која веќе нема место за политичари кои во минатиот период работеле против законите, политичари за кои веќе постојат сериозни индиции дека се вмешани во криминални дејствија и политичари за кои веќе се отворени судски процеси за сторени криминални дела.

На последните Парламентарни избори над 600.000 граѓани демонстрираа вистинска демократска моќ и го поразија режимот на Груевски, кој се` повеќе тоне во мочуриштето на сопствените криминали и злодела. Груевски е свесен дека крајот му е дојден и нема веќе простор за никакви маневри. Граѓаните му нанесоа вистински пораз. Тој и понатаму како мува без глава се обидува да ја спаси својата кожа. Но во името на Турците во Македонија, апелирам да се соочи и помири со реалноста и барем во последните денови од својата политичка кариера повеќе да не и наштети на Македонија и нејзините граѓани.

Исто така сакам да напоменам дека овие избори не само што беа вистински тест за демократизација и декриминализација на македонската политичка сцена, туку на овие избори граѓаните на Република Македонија докажаа дека веќе ништо не може да ја наруши стабилноста и мултиетничката структура на оваа земја. Мнозинството Македонци, Турци, Албанци, Бошњаци, Срби, Роми, Власи и на сите други националности се изјаснија за живот во Македонија.

Затоа ги повикувам сите инволвирани политички структури да ја почитуваат мнозинската волја на граѓаните и да не влегуваат во калкулации кои фаворизираат одредени групи а маргинализираат други заедници. Етничките поделби се минато и секое тргување со волјата на граѓаните ќе вроди аномалии кои се сериозна кочница за иднината на нашата татковина.

На Македонија и` е потребна нова Влада која ги знае и умее да ги реши проблемите на сиге граѓани на Република Македонија, вклучувајќи ја и турската заедница, која во изминатиот период тотално беше запоставена и игнорирана. Партијата за Движење на Турците (ТХП) нема да дозволи да се повтори истото сценарио односно игнорирање на турската заедница.

Граѓаните на Македонија одбраа промени, а промените ќе донесат прогрес и светла иднина“, рече Енес Ибрахим, Партија за движење на Турците (ТХП).

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска