Енес Ибрахим: Една изборна единица без цензус

Од:

Партија за движење на Турците (ТХП), смета дека на следните парламентарни избори треба да се случи суштинска промена на изборниот модел и конечно целата територија на Република Македонија да биде една изборна единица и тоа без цензус.

„Само на тој начин големите партии ќе покажат вистинска волја за плурализам и демократичност.

Со ваквата реформа на изборниот законик конечно и помалите партии кои имаат квалитетна програма ќе добијат шанса да освојат место во Собранието на Република Македонија. Со овој изборен модел не само граѓаните од турската етничка заедница, туку сите помалку бројни етнички заедници ќе имаат зголемени шанси за парламентарно претставување, кое е особено важно за негување на мултикултурниот карактер на Република Македонија.

Единствено преку ваков пристап може да докажеме дека како општество сме зрели и искрено ја поддржуваме идејата на општество на еднакви можности“, рече Енес Ибрахим, претседател на Партија за движење на Турците (ТХП) и пратеник во Собранието на Р. Македонија.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска