На 3-от редовен конгрес кој се одржа во Скопје, Енес Ибрахим е избран за нов претседател на Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП).
Од 314 регистрирани делегати, на конгресот беа присутни 298, кои едногласно дадоа поддршка на Ибрахим, кој досега ја извршуваше функцијата генерален секретар на ТХП.
Во својот поздравен говор, Ибрахим се заблагодари на поранешниот претседател Аднан Ќахил за константната поддршка на новите генерации на политичари од турската заедница и вети дека ќе направи се` за да не ја изневери поддршката која ја доби од делегатите на ТХП.
Ибрахим истакна дека е спремен да се соочи со предизвиците и да придонесе за доброто на сите Турци, но и за целото општество.