Емил Димитриев: Македонија има традиција во градењето квалитетни воени лидери

Од:

Во 2008 година првпат Воената академија стана придружна членка на Универзитетот – Гоце Делчев од Штип. Првпат воведовме издавање цивилни – универзитетски дипломи, покрај произведувањето во почетен офицерски чин и првпат воведовме насоки од областа на кризниот менанџмент, за потребите на ДЗС и ЦУК, нагласува заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев во интервју за МИА по повод промоцијата на првата класа потпоручници на 31.јули од нејзиното повторно пуштање во функција.

Бевме силно убедени, истакна, дека ќе има голем интерес кај младите луѓе за школување на воена високообразовна институција. На крајот, но не и помалку важно, подвлекува, е фактот што говори дека Македонија има традиција во градењето квалитетни воени лидери.

Еден од проблемите кој мораше да го дефинираме, посочи Димитриев, е оптимумот на запишани питомци да е во корелација со потребите на министерството и на армијата, нешто што било запоставено претходно.

Можеби најтешко, оцени, беше усогласувањто на законите од воената област и законот за високо образование и другите прописи од областа на високото образование. Идејата беше академијата да биде и дел од системот на високото образование во земјата, но во исто време Министерството за одбрана да го задржи влијанието над оваа институција поради нејзината специфичност, нешто што не беше претходно.

Заменик-минситерот за одбрана информира дека новина во работењето на академијата е отпочнувањето на вториот циклус магистерски студии, а во фаза на акредитација е третиот циклус докторски студии.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Со обединувањето во единствен политички субјект ја зацврстуваме позицијата на политичката сцена

Предраг Петровиќ

Судот во Охрид го врати детето на мајката Невена Спасеска, дали битолска апелација ќе се врати на правдата

Предраг Петровиќ

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Успешно оперирано новороденче со ретка и тешка вродена срцева маана

Предраг Петровиќ

Во угостителски објект во Аеродром сексуално вознемирување на десетгодишно дете

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 14 лица, дел од нив се лекари на скопските клиники

Предраг Петровиќ