А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕЛЕМ: Со контролиран испуст се балансираат нивото на Охридското Езеро и нивото на Црн Дрим

by А1он14/03/2018 - 11:35186
Share0

„Поради врнежите од дожд и топењето на снегот што предизвика голем доток на води, во изминатите неколку недели нивото на Охридското Езеро континуирано и брзо се зголемува и во последните два дена ја надмина максималната кота од 693.75 мнв.

Добивај вести на вибер

Според мерењата кои ги врши надлежната служба на ХЕС Црн Дрим, котата денеска изнесува 693.82 мнв.

Со водостопанска дозвола издадена од МЗЖСПП од 24.11.2017 за користење на водата на излез на реката Црн Дрим од Охридското Eзеро од страна на АД ЕЛЕМ за производство на електрична енергија, наведено е дека во исклучителни случаи, при појава на големи води, максималната кота може да биде 694мнв.

АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека ги презема сите мерки за забавување на растот на нивото на езерото и дека производните капацитети по течението на реката Црн Дрим, хидроелектраните Шпилје и Глобочица, работат со речиси максимален капацитет веќе два месеца, со цел со зголемен контролиран испуст на вода од Охридското Езеро во Црн Дрим и нејзино прифаќање во електраните, да се одржува нивото на езерото, но, во исто време да се одржува нивото и на реката и да се превенира прелевање на речното корито.

Стручните лица од АД ЕЛЕМ и од ХЕС Црн Дрим непрекинато ја следат на терен состојбата со нивото на Охридското Езеро и преземаат мерки за одржување на котата под максималната дозволена за периоди на големи води, како што е 2018г. Сакаме да потсетиме и дека 2010 и 2013 беа исто така години со голем доток на вода и дека во куси периоди котата на Охридското езеро тогаш ја надмина максималната 694мнв, без да бидат предизвикани штети за околината“ се вели во соопштението на ЕЛЕМ.

ohridsko ezero

Би можело да ве интересира

Се удави 49 годишник во Охридско Езеро

А1он20/07/2025 - 12:47

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван

Горан Наумовски10/07/2025 - 13:21

Полицијата спаси четири лица од пловен објект во Охридско Езеро откако им се скрши дел од едрилицата

Горан Наумовски29/06/2025 - 11:4229/06/2025 - 11:53

Нивото на водата во Охридското Езеро 30 сантиметри под просекот за март

Катерина Ѓуровски24/03/2025 - 13:00

Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари

Катерина Ѓуровски26/02/2025 - 10:49

Левица: Еколошки геноцид врз Охридското Езеро, Владата го жртвува јавниот интерес за коруптивен бизнис

Горан Наумовски19/02/2025 - 11:2319/02/2025 - 11:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен