За практично спроведување на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот (2020-2022 година), Владата во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработи електронска база на податоци на релевантни меѓународни документи насочени кон унапредување на меѓукултурниот дијалог и интеграција на општеството.
Базата на податоци (достапна на линкот: https://ednoopstestvo.vlada.mk
Владината прес-служба соопшти дека базата ќе послужи како алатка за следење и проценка на спроведувањето на Стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.
– Фокусот на базата е на главните извори од меѓународното право, кои се тематски, релевантни за Стратегијата и за Акцискиот план за спроведување на Националната стратегија. Во оваа база на податоци, главната структура на изворите е дадена по организациски кластери, и тоа: кластер „Организација на Обединетите нации“, кластер „Совет на Европа“, кластер „Организација за безбедност и кластер соработка во Европа“, „Европска унија“, наведува прес-службата на Владата во известувањето.
Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам промовира основни вредности на различности, вклученост, почитување на човековите права, еднакви можности, особено за жените и мажите, владеење на правото, демократија и култура на мир и дијалог.
– Спроведувањето на Националната стратегија е предводено од Координативно тело, на чие чело е националниот координатор на Владата за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, информира владината прес-служба.