Ексвработен во „1ТВ“ следен сведок во „Рекет“, заменичката на Јанева по Нова година ќе даде исказ во судот

Од:

Обвинителката Елизабета Јосифовска која беше дел од СЈО, на првото рочиште во идната година за „Рекет“, ќе сведочи пред судијката Васка Николовска-Масевска. Јосифовска е првата обвинителка која е повикана да даде исказ во случајот кој се води против ексшефицата на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски. Таа беше и заменик-шефица во Специјалното јавно обвинителство, назначена од Јанева, а со тоа, имаше право да потпишува документи и одлуки кои ги носи СЈО.

Заменичката на Јанева е предложена како сведок во „Рекет“ од обвинителката Вилма Русковска која го застапува предметот.

Токму обвинителката Јосифовска го потпиша позитивното мислење за да му се врати пасошот на Орце Камчев кој е осомничен во „Империја“, предмет на СЈО за кој Камчев платил милион и пол евра на Бојан Јовановски за да влијае кај Катица Јанева за да се запре истрагата против него. Таа за потпишаното решение рече дека одлуката била на Јанева, а таа била должна да стави потпис бидејќи шефицата била на одмор.

Јосифовска беше и една од вработените во СЈО која даваше исказ во Обвинителството за организиран криминал за време на истражната постапка. Освен неа, на распит кај Русковска беа и Лиле Стефанова која го води случајот „Империја“ и Бурим Рустеми кој го води предметот „Поштенска банка“.

Претходно, на рочиштето в петок, пред судот за случајот „Рекет“ ќе сведочат ексвработен во „1ТВ“, Христијан Баневски и поранешниот маркетинг директор на „Оне“, Виктор Доневски.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог