Екстремни температури од над 40 степени, да се почитуваат мерките за заштита

Од:

Времето денеска во државата е претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 37 до 43 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 43 степени.

И утре ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне 43°C.

Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Сончев празничен ден со температури до 21 степен

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло