Експлозив во Кавадарци, гранати во Битола и Ресен

Од:

Вчера пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување имале полни раце работа. Прво во Кавадарци, кога околу 10 часот, во двор на куќа на ул.„Ѓоре Брушански“ пронајдени се 500 гр индустриски експлозив, амонал и 19 каписли. Веднаш било пријавено во полиција.

Само 15 минути подоцна, во Ресен, во кругот на АД-Алгрета каде што се вршеле ископување на земја со багер пронајдена е неексплодирана граната од Втората Светска Војна.
Синоќа пак, околу 21,00 часот во двор во Битола, при изведување на градежни работи, сопственикот пронашол уште една артилериска граната, но овојпат од Првата Светска Војна.

Експлозивот од Кавадарци е однесен на вештачење во МВР, додека гранатите успешно се отстранети од пиротехничари на Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он