Советниците на премиерот Груевски и на вицепремиерот Пешевски ги примија екс вработените од Славија во Владата, но не постигнаа договор за неисплатените плати.
Од Владат им понудиле да им се исплати основицата без камата што не е прифатливо за поранешните работници на АД Славија. Тие упатиле ултиматум или до петок ќе се најде начин да им се платат 39 плати со камати од 1993 до 1996 година и наваму. Или ќе има самозапалување пред Владата и радикални протести.
Вработените упатиле порака до претставниците на Владата: Ќе дојдат избори, тогаш ќе не барате. Повеќе во видеото.
Неврзан муабет за атмосферата и како течел муабетот во Владата. Една од претставничките на преговарачкиот тим на екс вработените им објаснува на колегите кој што рекол, а таа како одговорила. Повеќе во видеото.