Екс вработените во АД „Славија“ повторно се пред владата. Тие вчера најавија дека ќе протестираат до петок и доколку нема решение за 39-те плати, ќе преминат на „радикални мерки и самозапалување“.
На вчерашната средба со претставници на Владата, поранешните вработени не дојдоа до договор. Тие го одбија предлогот да ја земат само основицата, а да се откажат од каматите.