Економски теми на денешната владина седница

Од:

Владата денеска треба да ја одржи 61. седница на чиј дневен ред, меѓу другото, се Информацијата за предлог договор за доделување државна помош на Друштвото за производство и трговија „Костал Македонија“, ДООЕЛ Охрид, на предлог на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, како и информацијата за барање за добивање согласност за основање на туристичка развојна зона локалитет „Езеро Треска“, доставена од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

На оваа седница ќе биде предложена и информацијата во однос на изградбата на Магистрален гасовод Делница 5 Скопје – Тетово – Гостивар, а на предлог на Министерството за економија, ќе биде разгледан и Предлог-законот за енергетика.

Владата треба да ја разгледа и информацијата за формирање на Национално координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област, како и информацијата за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Евтини летови за македонските граѓани“.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски