А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Економски новинари од 16 турски медиуми во посета на Македонија

by А1он06/07/2018 - 08:3781
Share0

Економски новинари од 16 реномирани турски медиуми се во работна посета на Македонија. Ќе се информираат за економијата и за плановите за развој, а потоа, ќе ја запознаат турската јавност со македонските инвестициски, економски, туристички и други потенцијали.

Добивај вести на вибер

По овој повод, денеска, Македонско-Турската комора (МАТТО) која е домаќин на посетата, организира средба на турските новинари со турски компании во земјава. На настанот ќе бидат промовирани инвестициите во Македонија, а најавени се обраќања на министрите за економија и за странски инвестиции, Крешник Бектеши и Аднан Ќахил, на амбасадорот Тулин Еркал Кара, како и на членки на МАТТО – генерални менаџери на компаниите инвеститори „Сити плаза холдинг“, „Халкбанк“, ТАВ“, Џевахир“, „Ерак“,…

– Целта е новинарите од Турција да ја анимираат турската деловна заедница за Македонија како економски партнер што ветува. Македонија со својата геостратегиска положба, евроатлантската перспектива и реформите кои значаат приближување кон ЕУ законодавството, има шанса да ги зголеми своите перформанси за турските инвстиции. Македонија за Турција може да биде регионален хаб (локација) или дел од него, во кој реално има интерес да се преселат производни индустрии наменети за ЕУ пазари, но и почва за современо земјоделско и сточарско производство, велат од МАТТО.

Иако поради политичката нестабилност последниве две години турските инвестиции беа стопирани, трговијата сепак, бележи благ раст – во првите шест месеци споредени со истиот период лани за 17,4 отсто и 30,5 проценти во однос на македонскиот извоз. Во 2017 година трговската рзмена беше 455,8 милиони долари што во однос на 2016-та е зголемување за 8,5 отсто.

– Нашите членки, турските инвеститори и македонските компани кои работат со турските партнери ја очекуваат поддршката од двете влади за натамошна либерализација на трговијата и влегување во заеднички проекти од регионалното и ЕУ значење, потенцираат од МАТТО.

turcija

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

Горан Наумовски16/03/2026 - 14:28

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 08:24

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 14:28

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Горан Наумовски08/03/2026 - 18:39

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски08/03/2026 - 13:3508/03/2026 - 13:35

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Горан Наумовски04/03/2026 - 13:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен