„Економист“: Северна Македонија помеѓу државите кои најмногу напредуваа во 2019 година

Од:

Весникот „Економист“ ја вбројува нашата земја во државите кои дале најмногу причини за среќа и оптимизам во 2019 година.

Во текстот на „Економист“ насловен „Која нација најмногу напредуваше во 2019 година“, Северна Македонија, Судан и Нов Зеланд се посочуваат како држави што најмногу напредувале во изминатата година, додека овогодишен победник е Узбекистан, земјата што, како што наведува весникот, го укина ропството.

„Економист“ нашата земја ја посочува како импресивна, поради промената на името со цел промоција на мирот во соседството.

– Грција се противеше на поранешното име на земјата, Македонија, поради грчкиот регион со исто име. Грчката непопустливост ги спречи Македонците од пристапување на НАТО и започнување на преговори со Европската унија. Така, пратениците во Скопје ја голтнаа гордоста и гласаа за промена на името на државата. Гласањето се случи во февруари годинава. Односите со Грција сега се многу потопли. Изворот на раздор сега е отстранет од нестабилниот регион. Северна Македонија е на пат на полноправно членство во НАТО. За жал, Емануел Макрон, претседателот на Франција (земја на годината во 2017) ја блокира кандидатурата за ЕУ, стравувајќи дека пристапувањето на уште една земја од Балканот во клубот ќе ги изнервира француските гласачи, пишува „Економист“.

Овогодишен победник е Узбекистан, земја што под водство на Шавкат Миромонович, како што посочува весникот, спровела значителни реформи укинувајќи ги затворските работни кампови, дозволи влез на странски новинари и ја зајакна борбата против корупцијата.

„Економист“ оценува дека Узбекистан се уште има долг пат пред себе до полна демократија, но ниту една друга држава не напредувала повеќе од неа во 2019 година.

Според весникот, и Нов Зеланд заслужува почесно место поради одговорот на премиерката Џасинда Ардерн на масакрот во џамија во Крајстчрч, кога излезе јавно со шамија и рече дека напад на муслимани е напад на сите жители на Нов Зеланд, по што нејзината Влада забрани полуавтоматско оружје и откупи илјадници парчиња од јавноста.

„Економист“, исто така, оценува дека Судан е значително помалку деспотска држава во 2019 година.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Цвеќе и пораки со сочувство пред Амбасадата на Русија во Македонија

А1он

Ескобар: Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави